Уапсен бугарски репрезентативец кој треба да игра против Македонија

Бугарскиот фудбалски репрезентативец Ѓорѓи Јомов синоќа учествувал во инцидент кој завршил со пукање од огнено оружје, а две лица биле повредени. Целиот настан се случил на една бензиска пумпа во Софија, а Јомов не е повреден, но утрово бил приведен од полицијата, каде што дал и исказ околу целиот настан, пренесуваат бугарските медиуми.

Според исказот на Јомов во полицијата, синоќа дошло до недоразбирање меѓу неговиот брат и за него непознати лица. Подоцна во караницата се вклучил и таткото на фудбалерот, кој почнал да пука.

Братот и таткото на Јомов се во бегство и полицијата трага по нив. Засега не е познато дали против фудбалерот ќе биде подигнато обвинение и дали притворот ќе му биде продолжен.

Во престрелката биле повредени две лица, од кои едниот е потешко повреден. Се работи за 36-годишно лице кое добило две прострелни рани во нозете и има загубено многу крв, па тој е животна опасност. Вториот повреден има 26 години.

Јомов кој е играч на ЦСКА Софија, вчера се најде на списокот на селекторот Јасен Петров, во пресрет на дуелот против Македонија на 2 јуни. Јомов има 10 настапи за бугарската репрезентација и постигнал два гола.

- Оглас -

Најнови вести