Уапсен навивачот на Ливерпул поради кој збесна Клоп

Навивачот на Ливерпул, кој на вчерашното големо дерби меѓу Црвените и Манчестер јунајтед влета на теренот, денеска е уапсен.

Додека фудбалерите на Ливерпул го прославуваа седмиот гол во дуелот со Јунајтед, навивач влета на теренот, се лизна и притоа го удри дефанзивецот на Црвените, Енди Робертсон, кој падна на треват и се држеше за зглобот на ногата. Тој потег на несовесниот навивач го налути менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Денеска полицијата го уапси навивачот на Ливерпул, тоа е 16-годишно момче од Винсфорд, а управата на клубот соопшти дека доживотно ќе му забрани влез на „Енфилд“.

„Не постои оправдување за ова опасно однесување. Безбедноста на фудбалерите и навивачите е најважна. Ако биде прогласен за виновен, тој би можел да се соочи со кривична пријава и доживотно ќе му биде забранет влез на „Енфилд“ и на стадионите во Премиер лигата“, соопшти Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести