Владимир Егоров ѝ донесе златен медал на Македонија во борење слободен стил во категоријата до 57 килограми на шампионатот во Унгарија.
По голема битка, македонскиот борач успеа да го победи Алијабас Рзазаде од Азербејџан со 8:6 и да се закити со златниот медал.
https://twitter.com/wrestling/status/1508845796426489862?s=20&t=P8U9MGayYU7qenDNqeug9A
Егоров на патот до златниот медал ги победи Германецот Никлас Штехеле со 5:3 и потоа и Манвел Хндрзртсјан од Ерменија со 10:4.
Европската титула на македнскиот борач е убава најава за главниот настан денеска, фудбалскиот меч меѓу Португалија и Македонија што ќе се игра од 20.45 часот и може да ни донесе прв настап на Светско првенство.

