Убав гест на УЕФА за фудбалерот што ја обедини Европа

Убав гест на УЕФА е поканата за Кристијан Ериксен да биде специјален гостин за финалето на Европското првенство што ќе се игра на „Вембли“ на 13 јули.

Претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин, лично го покани данскиот репрезентативец да биде во ВИП-ложата за финалето.

Капитенот на Данска ја обедини цела Европа откако доживеа срцев удар на 12 јуни, за време на дуелот меѓу неговата репрезентација и Финска.

За среќа, успеа да преживее и сега е веќе и на нозе, но неизвесно е дали пак ќе игра фудбал. Ериксен ако ја прифати понудата на УЕФА, има можност да ја бодри својата селекција во финалето ако утре Данците на „Вембли“ успеат да ја победат Англија во второто полуфинале на ЕП.

Вечерва од 21 часот веќе почна првото полуфинале меѓу Италија и Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести