Убав винер против Квинер за Андонова и Барселона

Наташа Андонова го одигра последниот квартал за Барселона на првиот четвртфинален меч со норвешкиот првак Квинер, а каталонскиот гигант победи убедливо со 3-0 и е многу блиску до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Андонова влезе во игра во 77-мата минута, а мечот беше решен со двата гола на Дуган и еден на Калденти од пенал уште во првото полувреме.

Реваншот ќе се игра во Норвешка за една недела, а Барселона е фаворит за нова победа и за настап во завршницата во елитното натпреварување во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести