Убава вест, капитенот на Сините ја напушти болницата

Капитенот на Челзи, Сесар Аспиликуета, е отпуштен од болница и добро закрепнува по ударот во глава што го доби во саботниот дуел вод Премиер лигата против Саутхемптон, соопштија Сините.

Челзи во саботата загуби со 0:1 пред своите гледачи, а Аспиликуета во 74-тата минута доби удар во главата од гостинскиот играч Секу Мара, кој се обиде да даде гол со ножички.

Сините соопштија дека капитенот доживеал потрес на мозокот од ударот, но неговата здравствена состојба е добра.

„Лекарскиот тим на клубот внимателно ја следи состојбата на Сесар следејќи ги важните протоколи за потрес на мозокот за да се осигури неговата безбедност. Сесар го следеше денешниот тренинг пред да започне со процесот на враќање на терените“, стои во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести