Убавата Морган ги растури Тајланѓанките, на ред е Чиле

Американската фудбалерка Алекс Морган, освен со добрите игри и головите, вниманието на спортската јавност го привлекува и со својот атрактивен изглед, па многумина ја вбројуваат меѓу најубавите познати спортистки на светот.

Морган на Светското првенство за жени, стартуваше со дури пет постигнати голови на дуелот со Тајланд, во кој САД триумфираше со рекордни 13-0. Денеска од 18 часот, Морган и колешките повторно имаат меч на кој би требало да извојуваат убедлива победа, а ривал им е Чиле.

Освен за фудбалските вештини кои ги поседува, за Морган се зборува и од друг агол. Таа и со својот изглед привлекува внимание, а во мај се сликаше за списанието „Спортс илустрејтид“.

На фотографиите може да се види зошто токму Морган беше избрана да се најде на страниците на познатиот магазин.

- Оглас -

Најнови вести