Убаво им се погоди, не играа и си прославија пласман во Премиерлигата

Норич е нов премиерлигаш и повторно по само една година пауза ќе биде дел од англиската елита, а веќе вечерва од 21 часот ќе ја почнат прославата на дуелот со Борнмут.

Популарните Канаринци денеска си дочекаа супер расплет и резултати на конкурентите што апсолутно им одат во прилог и веќе се недостижни за Свонси, екипа што ремизираше и не може во последните 4 кола да ја анулира негативата од 14 бода во однос на Норич.

Новиот премиерлигаш е лидер со 90 бода и речиси сигурно ќе биде шампиин во Чемпионшип, бидејќи по поразот на Ватфорд денеска од Лутон има 8 бода повеќе од второпласираната екипа и меч помалку.

Од Чемпионшип двете првопласирани екипи ќе се преселат во елитен ранг во Англија, а екипите од третото до шесттото место ќе играат бараж за уште една позиција што води во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести