Убедлива победа на македонските кадети против домаќинот на следното ЕП

Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години забележа убедлива победа од 3-0 над врсниците на Кипар. Нашите млади фудбалери одиграа одличен натпревар во Струмица и сосема заслужено го совладаа домаќинот на следното Европско првенство за фудбалери до 17 години, иако доколу ги реализиравме големиот број шанси што ги имавме, победата можеше да биде многу поубедлива.

Победникот се наѕираше уште во првото полувреме, кога Македонија поведе со 2-0 со головите на Един Етоски и Марко Киш. Победата ја потврди Дамир Љатифи во второто полувреме.

Македонија и Кипар во четврток ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Струмица.

Пријателските натпревари против Кипар се во рамките на подготовките што ги имаат селекторот Дашмир Беари и неговите избраници за настапот на квалификацискиот турнир на Малта, на кој освен домаќинот и Македонија, ќе учествуваат уште селекциите на Шпанија и Словачка.

- Оглас -

Најнови вести