Удар за амбициите на Лидс, Челзи си го врати Бејкер од позајмица

Играчот од средниот ред на Лидс, Луис Бејкер, ќе се врати во редовите на Челзи откако тренерот Маурицио Сари побара да биде прекинат договорот за позајмица на 23-годишното момче.

Ова е голем  удар за амбициите на Лидс, екипа за која игра нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Клубот од Јоркшир бие битка за директен пласман во Премиер лигата и засега му оди добро, но заминувањето на Бејкер ќе биде голем хендикеп.

Луис ги има минато сите младински селекции на Англија и е голем талент, а на познатиот турнир во Тулон, Франција беше најдобар стрелец и ја доби Златната копачка во 2016 година.

Интересно е што за поранешниот капитен на англиската репрезентација за играчи до 20 години позајмицата во Лидс беше петта за него откако е член на Челзи, но сега е можно да остане подолго во премиерлигашот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести