Удар за ФИФА, и ИОК е против Светско првенство на секои две години

Интернационалниот олимиски комитет, ИОК, се спротивставува на идејата за Светско првенство во фудбал на секои две години. Во ИОК веруваат дека со планот кој го има ФИФА за Мундијали на секои две години, ќе се загрозат другите спортови, како и рамноправноста на половите.

Ако има СП на секои две години, тоа ќе значи дека ќе може исто лето да има и фудбалски Мундијал и Олимписки игри, а во женска конкуренција, на олимпискиот турнир репрезентациите играат во најсилен состав. Истотака, во ИОК се загрижени и за здравјето на фудбалерите, бидејќи играњето СП секоја втора година може да донесе ментални и физички проблеми.

Затоа, од ИОК бараат ФИФА да се консултира со поширок круг на спортски организации, нешто што досега не е направено.

 

- Оглас -

Најнови вести