Удар за Суперлигата: деветте клубови кои се пишманија, се вратија во ЕКА

Асоцијацијата на европски фудбалски клубови, ЕКА, објави дека во нивната организација се вратиле деветте клуба кои се повлекоа од проектот наречен Супер лига.

Во април, 12 големи европски клубови објавија креирање на Супер лига која би била независна од УЕФА и сите 12 гиганти тогаш ја напуштија ЕКА. Но, многу брзо, само за неколку дена, Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан објавија повлекување од Супер лигата. Само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус остануваат посветени и инсистираат на формирањето на такво елитно натпреварување.

Прв човек на ЕКА сега е Насер Ал-Келаифи, претседателот на Пари Сен Жермен. Тој на оваа функција дојде на местото на Андреа Ањели од Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести