УЕФА ги номинираше тројцата најдобри играчи во Европа за минатата сезона

УЕФА ги номинираше тројцата фудбалери кои ќе бидат во најтесниот избор за признанието најдобар играч во Европа за минатата сезона, а тоа се Роберт Левандовски и Мануел Нојер од Баерн Минхен како најзаслужни за титулата во Лигата на шампионите, како и Кевин де Бројне од Манчестер сити, кој се истакна со асистенции.

Голем фаворит за освојување на наградата е Полјакот Левандовски, кој ќе биде фаворит и изборот на ФИФА за најдобар играч на светот во 2020 година. Прогласувањето на најдобриот ќе се случи на 1 октомври во Нион, кога ќе се влече ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.

Според гласовите, во Топ 10 влегоа и Меси, Нејмар, Милер, Мбапе, Тијаго Алкантара, Кимих и Кристијано Роналдо. УЕФА го бира најдобриот врз основа на игрите во домашните натпреварувања и европските купови. Гласаат тренери (80 тренери од тимовите кои играа во групите во ЛШ и ЛЕ) и новинари (по еден од секоја земја од 55-те членки на УЕФА).

За тренер на годината, дефинитивно ќе победи Германец бидејќи кандидати се Јирген Клоп, Ханси Флик и Јулијан Нагелсман. Тука фаворит е Флик, кој со Баерн ги освои сите трофеи за кои се бореше.

 

- Оглас -

Најнови вести