УЕФА ги одреди судиите за полуфиналните дуели во ЛШ

Полскиот судија Шимон Марчињак, кој зимоска го судеше финалето на Светското првенство во Катар, од УЕФА е одреден да дели правда на реванш дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.

За Марчињак, ова ќе биде седми меч сезонава во ЛШ, судеше и во четвртфиналната фаза, на првиот меч Наполи – Милан кој зааврши 1-1.

На утрешното друго полуфинале, во Милано помеѓу Интер и Милан, правда ќе дели Французинот Клеман Турпен. Овој судија ние во Македонија го паметиме по добро, тој судеше во Палермо кога ја шокиравме Италија.

- Оглас -

Најнови вести