УЕФА го одреди терминот за Македонија – Косово!

Македонската фудбалска репрезентација натпреварот против Косово од баражите за пласман на Европското првенство 2021 ќе го одигра на 4 јуни 2020 година на националната арена „Тодор Проески” во Скопје, најверојатно со публика, но тоа треба дополнително да биде потврдено.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 9 јуни 2020 година, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти денеска УЕФА. Европската куќа на фудбалот претходно објави дека се одложува најголемото репрезентативно натпреварување Евро 2020, кое требаше да се одигра во јуни и јули годинава.

- Оглас -

Најнови вести