УЕФА го премести Суперкупот во Будимпешта, можно е да се игра пред публика

Европската фудбалска куќа одлучи да го смени местото на одржување на Суперкупот за оваа година. Наместо во Порто, на стадионот „Драгао“, освојувачите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе ги одмерат силите во Будимпешта на 24 септември.

Има шанси на „Пушкаш арената“ да присуствува ограничен број публика, поточно до 30% од капацитетот на стадионот, што би значело дека двете најдобри екипи на Стариот Континент би играле пред околу 20.000 гледачи.

Еден од учесниците ќе го дознаеме за три дена, односно по финалето во ЛЕ меѓу Интер и Севилја, додека во Лигата на шампионите допрва ќе се дознаваат финалистите кои ќе се борат за европската титула на 23 август.

- Оглас -

Најнови вести