УЕФА го суспендира лидерот во турската Суперлига

УЕФА го суспендираше Трабзонспор на една сезона без право за настап во европските натпреварувања. Лидерот во турската Суперлига ги прекрши правилата за финансиски ферплеј на двапати, во 2016 година и минатата, па Европската куќа на фудбалот реагираше со забрана.

Таа ќе стапи на сила во сезоната 2020/21 или 2021/22, во зависност од тоа дали клубот ќе обезбеди пласман преку домашниот шампионат. Трабзон е во битка за титулата со Басакшехир на осум кола до крајот на првенството, така што големи се шансите забраната да стапи на сила уште следната сезона.

Инаку, сезоната во Суперлигата ќе продолжи на 12 јуни.

- Оглас -

Најнови вести