УЕФА и КОНМЕБОЛ ќе бојкотираат Мундијал на секои две години

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин, испрати предупредување до ФИФА околу идејата да се игра Светско првенство на секои две години. Во изјавата за „Тајмс“, Чеферин посочи дека заедно со фудбалската федерација на Јужна Америка, КОНМЕБОЛ, ќе го бојкотираат Мундијалот.

„Мундијал на секои две години би го убил фудбалот, јасно е дека домашните клупски првенства би трпеле огромна штета. Моментално не се потребни промени, обновувања или нови натпреварувања, туку треба да се реши проблемот со густиот распоред. Можно е да донесеме одлука членките на УЕФА да не учествуваат на Светски првенства од таков тип“, истакна првиот човек на европскиот фудбал.

Доколку навистина се случи Мундијалите да се одржуваат на две години, а Федерациите на Европа и Јужна Америка бојкотираат, светскиот фудбал би се играл без најквалитетни репрезентации од каде што доаѓаат и поранешните шампиони.

- Оглас -

Најнови вести