Противникот на Македонија на ЕП исфрлен од Сегментот А во Лигата на нациите со службен пораз

Европската куќа на фудбалот донесе конечна одлука неодиграниот меч меѓу Швајцарија и Украина во Сегментот А од Лигата на нациите да го регистрира со службен резултат од 3:0, што ги исфрли Украинците во понизок ранг, во Сегментот Б за идното издание.

Мечот требаше да се игра во Луцерн, но Украинците имаа неколку фудбалери со позитивен тест на ковид-19, па здравствените власти на Швајцарија не им дозволија на гостите да го одиграат мечот.

УЕФА даде зелено светло, заедно со Швајцарската и Украинската фудбалска федерација, но наместо на терен, швајцарските власти ги сместија гостинските репрезентативци во карантин.

Со ваков развој на настаните Украинците испаднаа во Сегментот Б, а Швајцарија останува во елитата бидејќи двете репрезентации завршија со по шест бода во четвртата група од Сегментот А, па одлучуваше меѓусебниот биланс.

Украина победи дома со 2:1, па загуби со службен резултат од 0:3 и испадна од највисокиот ранг на натпревари на чуден начин и без игра во последното коло.

 

- Оглас -

Најнови вести