УЕФА има свој фаворит за тоa кој ќе го суди финалето во ЛШ

Само вторпат во историјата ќе има англиско финале во Лигата на шампионите. На 1 јуни во Мадрид, Ливерпул и Тотенхем ќе се борат за трофејот. Ливерпул во својата историја веќе има пет шампионски пехари, а лондонскиот тим се надева дека за првпат ќе стигне до тронот на Европа.

Иако има уште повеќе од 20 дена до финалето, веќе се шпекулира за тоа кој ќе биде судијата на најзначајниот меч во европското клупско натпреварување. Словенецот Дамир Скомина е прв фаворит да биде назначен за делител на правдата на финалето во Мадрид, на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Интересно е тоа што Скомина последен меч кој сезонава го судеше во ЛШ беше осминафиналето меѓу Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед во Париз. Тогаш тој досуди пенал за гостите во 93-тата минута, а Манчестер со погодокот од белата точка го елиминираше францускиот првак.

Скомина не доби ниту еден меч за судење во четвртфиналето, а го прескокнаа и за полуфиналните средби како во ЛШ, така и во Лигата на Европа.

Како најсериозен ривал на Скомина за местото главен судија на финалето во ЛШ се споменува Џузепе Роки од Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести