УЕФА ја ангажира комисијата, а заклучокот е дека Европската федерација е виновна за хаосот во финалето на ЛШ

Независна комисија која правеше истрага за инцидентите што се случија пред почетокот на финалето во Лигата на шампионите минатата недела заклучи дека Европската фудбалска федерација (УЕФА) е одговорана за хаосот кој за малку не се претвори во трагедија.

Инцидентите се случија кога илјадници навивачи на Ливерпул сакаа да влезат на трибинтие на стадионот „Стад д’Франс“ во Париз за да го бодрат својот омилен тим во финалето против Реал Мадрид. Според некои информации, дел од навивачите имале фалсификувани билети, дека сакале да влезат без билети, но независната комисија резимираше дека организаторот на овој меч е одговорен за хаосот.

„Комисијата констатираше дека УЕФА како организатор на случувањата сноси примарна одговорност за неуспешната организација која за малку можеше да доведе до катастрофа“, стои во соопштението на Комисијата.

Француската полиција употреби солзавец и сила за да ги избрка навивачите кои беа пред стадионот и се обидуваа да влезат на трибините. Освен УЕФА, одговорност за овој неред имаат и Француската фудбалска федерација, како и тамошната полиција, која не направила ред на вистински начин.

Интересно е дека Ливерпул и Реал Мадрид сега ќе играат во осминафиналето од ЛШ, а првиот меч ќе се игра на 21 февруари на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести