УЕФА ја губи битката со Суперлигата: Судот во Мадрид пресуди во корист на богатите

Трите тима кои останаа во проектот наречен Суперлига извојуваа уште една судска битка против УЕФА.

Сите санкции кои Европската куќа на фудбалот на чело со претседателот Александар Чеферин ги изрекоа против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус мора да бидат повлечени во наредните пет дена, а доколку не го сторат тоа, ќе добијат контратужба.

Ваква одлука донесе судот 17 во Мадрид, кој се занимава со комплексни и големи легални спорови, како што е тој меѓу Суперлигата и УЕФА.

Чеферин пред неколку дена изјави дека плановите за санкции против ова трио се на пауза и дека нема да ги откажат, но, очигледно, судската пресуда во главниот град на Шпанија не им оди во корист.

Сето ова значи дека и преостанатите тимови кои претходно се откажаа, можат да учествуваат во создавањето на проектот Суперлига без притоа да се плашат за некакви казни од своите федерации.

- Оглас -

Најнови вести