УЕФА ја надмина границата од пет милијарди евра од приходи

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) официјално го надмина прагот на приходи од пет милијарди евра, благодарение на проширувањето на своите најпрестижни клупски турнири со нов формат на групна фаза и нови, многу профитабилни договори за ТВ права за периодот 2024-2027 година, објави телевизија Блумберг .

Финансиските анализи за сезоната 2024/25 покажаа дека вкупните приходи надминале пет милијарди евра, што е зголемување од 737 милиони евра во споредба со сезоната 2023/24, без приходите од Евро 2024.

Нион се радува на успехот на „моделот 2024-2027“, како што се нарекува зад сцената, бидејќи новиот формат за Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига го зголеми вкупниот број на натпревари, што доведе до огромно зголемување на медиумските права, кои пак сочинуваат 81% од вкупните приходи.

Секое од трите европски натпреварувања сега има 36 екипи во главната фаза, при што секој тим игра осум натпревари против случајно извлечени противници во првите два – четири дома и четири на гости – и шест натпревари во Конференциската лига. Потоа се гледа конечната табела според освоените бодови и гол-разликата, па се знаат екипите кои продолжуваат во нокаут-фазата.

УЕФА очекува вкупен приход од 5,1 милијарди евра за финансиската 2026/27 година, последната година од тековниот циклус на машки клупски натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести