Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе побара од репрезентациите кои ќе учествуваат на Европското првенство кое идната година ќе се игра во Германија, на натпреварите од групната фаза наместо со авион, да патуваат со автобус или воз, за да се намали емисијата на штетни гасови, објави Би-би-си.
УЕФА заедно со домаќинот на ЕП, фудбалската федерација на Германија, одлучија натпреварувањето во групната фаза да биде распоредено по региони, северен, западен и јужен, за репрезентациите да можат полесно да патуваат со автобус или воз.
Исто така, на навивачите ќе им бидат понудени билети за воз по намалени цени.