УЕФА ќе ги откаже мечевите од Лигата на нациите!?

Европската фудбалска куќа (УЕФА) за в понеделник има најавено видеоконференција со сите свои членки, а главна тема на состанокот ќе биде Лигата на нациите. Пред два месеци, УЕФА направи ждрепка за следното издание на Лигата на нациите, во кое Македонија се избори за настап во Сегментот Ц, што е напредок за еден сегмент во однос на дебитантскиот настап, кога нашата репрезентација играше во последниот Сегмент Д.

Како ривали на Македонија беа извлечени репрезентациите на Ерменија, Грузија и Естонија, сите поранешни советски републики. Беше направен и рапоред според кој Македонија на 5 септември треба да започне на домашен терен против Ерменија, а потоа следуваат гостувања кај Грузија и Естонија. Секако, ќе се играат и реванши, па Македонија потоа ќе им биде домаќин на Грузија и Естонија, а последниот меч ќе го игра на гости против Ерменија на 16 ноември.

Овој период од септември до ноември треба да биде со згуснат распоред на мечевите од домашните првенства, па токму затоа се размислува да се отфрлат репрезентативните дуели, за да не стагнира клупскиот фудбал.

Македонија уште го нема комплетирано и првиот настап во Лигата на нациите. Нашата селекција беше прва во групата и се избори за место во полуфиналето од плејофот, каде што е со шанса да се избори за место на ЕП 2020. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Косово, но засега не се знае кога ќе се одигра оваа средба.

 

- Оглас -

Најнови вести