УЕФА ќе укине правило што е старо над половина век

УЕФА е на прагот да го укине правилото што ѝ дава предност на гостинската екипа во продолженијата од натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Гол повеќе на гости во дополнителното време при израмнет вкупен резултат што одлучува за пласман понатаму повеќе нема да важи.

Правилото е воведено во сезоната 1965/66 и на некој начин ги фаворизираше гостинските екипи при израмнет вкупен резултат во двомеч.

Тоа значеше дека ако остане нерешено по 180 минути и таквиот вкупен резултат остане и по продолженијата, на пример: со по еден или повеќе голови на двете страни во дополнителните 2Х15 минути, тогаш понатаму се пласира екипата што е гостин.

Многу забелешки има и на сличен развој на настаните и во регуларниот дел по два натпревари, па во УЕФА  размислуваат комплетно да го исфрлат правилото за одлучувачки гол(ови) на гости при израмнет вкупен резултат.

Такво сценарио имаше на двомечот меѓу ПСЖ и Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Светците од Париз се пласираа во полуфиналето со израмнет вкупен резултат од 3:3, но одлучија нивните три гола како гости на првиот меч во Минхен што го добија со 3:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести