УЕФА му плати 3 милиони евра на Интер

Кога Кристијан Ериксен доби срцев удар и колабираше на терен за време на натпревар од ЕП во јуни 2021 година, светот беше во шок, а за среќа Данецот остана жив, но после тоа веќе не можеше да игра во Италија.

Во моментот на непријатната случка, Ериксен беше член на Интер, а откако му беше вграден дефибрилатор, мораше да си оди од Италија, бидејќи тамошните правила не дозволуваат настап на играч со дефибрилатор во срцето.

Ериксен закрепна, играше за Брентфорд, сезонава е во Манчестер јунајтед, а Интер доби отштета од УЕФА во износ од три милиони евра, бидејќи срцето му откажа на меч во организација на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести