УЕФА му прогледа низ прсти, Марчињак ќе го суди финалето во ЛШ

Полскиот судија, Шимон Марчињак, сепак ќе го суди финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер кој на 10 јуни ќе се игра во Истанбул.
УЕФА одлучи да му прогледа низ прсти на Полјакот за неговото присуство на 29 мај на собирот кој го организираше лидерот на екстремната десница во Полска, Славомир Менцен.

Вчера откако се појави информацијата за присуството на Марчињак на собирот, луѓе од УЕФА одржаа итен разговор со Полјакот кој притоа се извинил за неговиот потег, а денеска одлучија да не го казнуваат и да му дозволат да го суди финалето во ЛШ.

„Читајќи го соопштението, УЕФА смета дека извинувањето и објаснувањето на Марчињак се искрени. УЕФА исто така ја контактираше организацијата „Никогаш повеќе“ која е поврзана со мрежата на ФАРЕ и која прва изрази загриженост за учеството на Марчињак на собирот. Тие бараа Марчињак да остане судија за финалето во Лигата на шампионите бидејќи сметаат дека со неговата смена ќе се промовираат анти-дискриминаторните ставови. Поради сите овие информации, УЕФА потврдува дека Шимон Марчињак ќе го суди финалето во Лигата на шампионите“, соопшти УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести