УЕФА отвори истрага против ФФМ, може да добиеме казна за прекршување на ковид протоколите!

Европската фудбалска федерација, УЕФА, ќе го истражува можното „лошо однесување и кршење на ковид правилата“ на некои македонски репрезентативци во врска со земањето примероци при нивното тестрање на корона-вирус во саботата, пред мечот со Холандија. Иако Македонија е елиминирана од ЕВРО 2020, УЕФА покрена истрага и можно е поднесување на дисциплинска постапка и казна за ФФМ.

Од УЕФА велат дека евентуалната казна нема да се однесува поединечно на играчите, туку казна би имало само за Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести