УЕФА планира СЕ да пресели во САД – По финалето на ЛШ, и Суперкупот на Европа ќе се игра во Америка

УЕФА планира да го пресели и популарниот Супер куп на Европа во Соединетите Американски Држави откако веќе беше објавено дека наскоро финалето во Лигата на шампионите ќе се игра во Америка, поточно во Њујорк.

По објавата на шпанскиот „Ас“ дека наскоро финалето во ЛШ ќе се игра во Големото Јаболко, во Њујорк, сега британскиот „Гардијан“ објави дека УЕФА планира и нов формат на Суперкупот на Европа што би се играл во САД.

Би учествувале четири екипи, три од Европа, односно победниците во Лигата на шампионите, во Лигата на Европа и Конференциската лига и плус шампионот на МЛС-лигата, која е најсилна фудбалска лига во Северна Америка.

Би се играло по формат полуфинале, финале и меч за трето место, односно би имало вкупно четири натпревари наместо досегашниот еден меѓу шампионот во Лигата на шампионите и освојувачот на пехарот во Лигата на Европа.

Вистинската причина се ТВ-правата, а УЕФА знае дека маркетиншки и со приходите од ТВ-правата на американскиот континент би остварила ќар поголем за 150 отсто од досегашниот.

- Оглас -

Најнови вести