УЕФА се смилува: Србија клучниот меч за пласман на ЕП 2024 нема да го игра пред празни трибини

Дисциплинската комисија на УЕФА реши делумно да ја прифати жалбата на Фудбаскиот сојуз на Србија, кој беше казнет со еден меч на домашен терен без присуство на гледачи. Оваа казна беше поради нередите на трибините за време на дуелот во Белград против Црна Гора. Тогаш УЕФА реши Србија да плати 89.000 евра и еден меч дома да го игра пред празни трибини.

Србија во последното коло од квалификациите на свој терен игра против Бугарија и домаќините треба да го обезбедат местото на ЕП 2024. УЕФА реши да ја ублажи првичната казна, па ќе дозволи присуство на гледачи на западната трибина на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.

Овој новоизграден стадион собира малку повеќе од 6.000 гледачи, а освен навивачи на западната трибина, ќе биде дозволен влезот и на останатите три трибини, но само за деца до 14 години. Намалена е и паричната казна, која сега изнесува 50.000 евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести