УЕФА се заканува со санкции за ПСЖ и Марсеј поради непочитувње на финансискиот фер-плеј

Француските гиганти Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј, се соочуваат со санкции од страна на УЕФА поради непочитување на финансискиот фер-плеј.

Продолжувањето на договорот со Килијан Мбапе, како и пораснатата плата на Лионел Меси, прават проблеми на Светците, кои константно се во загуби и покрај успехот на терените. ПСЖ на неделно ниво исплаќа дури 4 милиони евра бруто плата само на триото Меси – Нејмар – Мбапе, по што би можело УЕФА парично да го казни францускиот првак, а истото важи и за Марсеј.

Доколку и во претстојната сезона ПСЖ и Марсеј не ги средат финансиите, казните може да бидат поригорозни, со потенцијално исфрлување од натпреварувањата на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести