УЕФА забрани да се прави тест за корона-вирус само за да се одигра мечот

Дуелот меѓу Макаби Хаифа и Железничар има и трето полувреме. Мечот од првото квалификациско коло од Лигата на Европа не се одигра во предвидениот термин поради корона-вирусот. При доаѓање во Хаифа, неколку членови од експедицијата на гостите беа тестирани дека се позитивни на опанскиот вирус.

Поради фактот дека имаа заразени во својот табор, Железничар не доби дозвола ниту да тренира, а камоли да игра во Израел. Тимот од БиХ беше вратен дома, а УЕФА ја разгледа опцијата за преигрување и го додели денешниот датум.

Иако играчите на Железничар пропуштија поголем број тренинзи во претходните неколку дена, тие синоќа тренираа на теренот на којшто вечерва ќе играат.

Од УЕФА инсистирале да нема тестирање на корона-вирусот и мечот да се одигра без потребните тестови, пренесуваат порталите во БиХ.

 

- Оглас -

Најнови вести