УЕФА започна истрага против Реал Мадрид

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и официјално издаде соопштение кое е поврзано за дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, одигран на 12 март во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид на тој меч преку подобро изведување на пенали обезбеди поминување во следната фаза, а навивачите на Атлетико Мадрид на стадионот „Метрополитано“ останаа разочарани.

Во официјалното соопштение на УЕФА се потенцирани четворица фудбалери на Реал Мадрид.

„Инспекторите на УЕФА за етика и дисциплина се задолжени да истражат сè што е поврзано со фудбалерите на Реал Мадрид (Рудигер, Мбапе, Себаљос и Винисиус). Истрагата е поради тоа што се случи на мечот против Атлетико Мадрид на 12 март 2025 година. Повеќе информации ќе бидат познати откако сите ќе го завршат својот дел од работата“, стои во соопштението на УЕФА.

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Рудигер е под истрага поради некои некултурни гестови, меѓу кои било и ставање на својата рака околу вратот. Кога се работи за Мбапе, тој наводно ги допирал гениталиите, додека за Винисиус не е изненадување тоа што се расправал со фановите на противничкиот тим, и тоа пред и по мечот. Засега не се знае зошто Себаљос е на оваа листа на истрага.

Ова не е првпат играчи на Реал Мадрид да бидат на „тапет“ поради гестикулации по дуел со Атлетико Мадрид. во 2019 година, Кристијано Роналдо беше казнет со 20.000 евра поради непримерни гестикулации кон публиката.

 

 

- Оглас -

Најнови вести