Уф, какви дерби-дуели, сега ќе се видат вистинските мајстори за прогнозирање

Николче Д. со 11 погодоци беше најуспешниот прогнозер во петтото коло на Спортска прогноза и заслужено си освои вредносен ваучер од Sport Life  во висина од 500 денари. Само две прогнози го делеа Николче од освојување на Среќна 13-ка, која носи мобилен телефон „ајфон 12“.

Денеска веќе стартуваше новото, шесто коло, во кое има нови 13 натпревари за прогнозирање. Посебен предизвик за сите прогнозери се неколкуте дерби-мечеви кои се на „менито“ за ова коло. Уште на стартот, односно во сабота, во 13:30 часот ќе играат Челзи и Манчестер сити, што е реприза на финалето од последното издание на Лигата на шампионите. Челзи го доби тоа финале со 1:0 и се искачи на тронот на Европа, а Сити како актуелен англиски првак ќе сака реванш.

Во Англија се игра и најголемото лондонско дерби, меѓу Арсенал и Тотенхем, а градско дерби ќе има и во Италија. Во „битката за Рим“, Лацио ќе биде домаќин на Рома.

Освен овие три големи дерби-дуели, во понудата за ова коло има уште 10 интересни мечеви кои доколку точно ги прогнозирате, може да освоите вредни награди. Не чекајте и веднаш проверете ги паровите од новото коло.

- Оглас -

Најнови вести