УФЦ борецот кој си ја скрши главата од мразот, сега поподготвен отиде на „реванш“ (Видео)

УФЦ борецот Мераб Двалишвили пред неколку дена се истакна со глупоста и скок на глава во замрзната вода, по што се здоби со повреда на главата, но сега веќе ја научи лекцијата, знаеше што го чека, па со заштита на главата замина на реванш против „ривалот“, кој го повреди.

Грузиецот кој има 30 години овојпат за малку ќе паднеше од гранка, но успешно ја претепа површината на езерото, го кршеше мразот пред да прекине поради опасност од смрзнување. Навреме му текна дека е полугол на ниска температура и дека треба да го напушти „борилиштето“.

- Оглас -

Најнови вести