УФЦ легенда ќе се реактивира – сака да го претепа шампионот Волкановски!

Американскиот борец Хенри Сехудо, кој има 35 години, е мотивиран од победите на Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски во перо лесна категорија и сака да се реактивира за да му покаже на „Александар Велики“ дека е слаб.

Волкановски има 11 победи на 11 настапи во УФЦ, шампион е во својата категорија, викендов лесно го совлада Кореецот Чанг Сунг џунг, но Сехудо, кој е познат како „Трипл Си“ и пријател на Хабиб Нурмагомедов, не е импресиониран од нашинецот.

Сехудо, кој освои златен медал во борење на Олимписките игри во Пекинг во 2008, држеше два шампионски појаси во УФЦ, во категориите до 56 и 61 килограм.

„Волкановски нема конкуренција, освен Макс Халовеј. Време е за враќање на кралот. Волкановски, ти ме мотивираше да се вратам. Кога е во прашање борењето, ти не можеш да направиш ништо. Би те соборил долу и би те угушил побрзо отколку што Мекрегор ќе му се врати на алкохолот“, најави Сехудо, кој последната борба ја имаше во мај 2020.

- Оглас -

Најнови вести