УФЦ-легендата знаеше уште пред еден месец дека Кристијано ќе се врати во Јунајтед

Хабиб Нурмагомедов и Кристијано Роналдо веќе извесно време се пријатели и делат заемен респект за нивните спортски остварувања.

Често се во контакт, па така поранешниот УФЦ-шампион во лесна категорија уште пред еден месец дознал дека Португалецот ќе се врати во Манчестер јунајтед, така што самиот Роналдо му го соопштил тоа.

„Трансферот не ме изненади бидејќи Кристијано еден месец порано ми кажа дека ќе се врати во Јунајтед. Сметам дека неговиот старо-нов клуб повеќе му одговара отколку Јувентус, така што го направи вистинскиот избор“, откри Хабиб.

Сумата за која Црвените ѓаволи го вратија својот легендарен фудбалер изнесува 15 милиони евра, со опција трансферот да достигне до 23 милиони евра доколку се исполнат одредени бонуси. Воедно Роналдо ќе биде најплатен фудбалер во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести