Угул гол славеше гол, за бизарната самба доби драстична казна (Фото)

Емерсон Кариока имаше бизарна прослава на победничкиот гол за Сампајо Кореја во меч во Бразил против Марика, се соблече гол и го предизвика бесот на противничките играчи и навивачи. Натпреварот се играше во декември, а казната за Емерсон е 8 меча суспензија.

Со неговиот погодок Сампајо Кореја победи со 2:1 на гостински терен и се пласира во шампионатот Кариока. Играчот што се презива како и лигата во која игра погоди во 95-тата минута, а потоа збесна и направи глупост.

„Навивачите на противничкиот тим ми се закануваа, ме нарекуваа дебел алкохоличар, дури имаше и закани дека ќе ме средат, што дополнително ме изнервира. Им се извинувам на сите во мојот клуб и на симпатизерите што постапив неодговорно“, изјави Кариока.

Сепак, Бразилската фудбалска федерација немаше милост и Емерсон нема да игра на 8 натпревари за својот тим. Двомечот против Марика беше жесток, особено реваншот што беше клучен за вкупна победа од 2:1 на Сампајо Кореја и имаше дури пет исклучувања. Црвен картон доби и Емерсон Кариока по бизарната самба што ја одигра гол на теренот на противникот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести