Украден еден од најтрофејните тркачки коњи, крадците го изеле!

Оушн Беј беше името на еден од најтрофејните тркачки коњи, а неговата приказна имаше трагичен крај. Тренерот Рамон Гарсија Москер откри дека коњот бил украден во неделата, а потоа било потврдено дека Оушн Беј бил убиен. Злосторниците биле немилосрдни, па дури и изеле дел од телото на коњот.

„Каква срамота, каков немоќ. Боже мој. Ги пронајдовме остатоците на Оушн Беј“, напиша Рамон Гарсија Моксер.

Популарниот коњ бил дел од 15 трки, во кои имал осум победи, три втори места, а четирипати бил на четвртото место. Најчесто натпреварите биле во Венецуела, каде што и се случи и масакрот на коњот.

- Оглас -

Најнови вести