Украина е „џокер“ да се игра дека нема да има многу голови

6053 Украина – Кипар (18 ч.)

Последна контролка за Украина пред настапот на ЕП. Двете селекции негуваат дефанзивен стил, па не е чудно што Украина на четири од последните пет меча одигра 1:1, а еднаш славеше со 1:0, што значи дека немало повеќе од два гола.

Кипар последните четири дуели ги игра максимум со еден погодок на средба, а интересно е дека и двата нивни меѓусебни дуели завршиле со 0-2 погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.77)

 

6720 Андора – Гибралтар (20:45 ч.)

Две селекции кои се научени најчесто на порази. Андора во последните 15 меча има 12 порази и само три нерешени, додека Гибралтар има 18 порази во последните 22 средби што ги одигра. Меѓу себе немаат играно и ќе биде интересно да се види која од овие две слаби репрезентација е подобра.

Ако се знае дека и двете немаат речиси никакви напаѓачки тактики, не треба да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I&0-1 II (1.77)

 

6721 Фарски Острови – Лихтенштајн (20:45 ч.)

Национални тимови кои може само да сонуваат за влез на ЕП, па сега играат меѓу себе во контролен меч. Досега играле четири пати и интересно е дека Фарски Острови се радувале на сите четири дуели, и тоа во три дуели на кои имало барем три погодоци.

Последен пат играа пред три години и Фарски острови славеа со 3:0. И сега се фаворити и треба да биде интересен дуел.

Предлог тип: 1&3+ (2.55)

 

6722 Германија – Летонија (20:45 ч.)

Германците секогаш се меѓу фаворитите за трофеите на големите натпреварувања, но овојпат атмосферата во редовите на Панцерите не е најсјајна. Се шпекулира дека играчите, посебно тие на Баерн Минхен, се незадоволни од тактичката формација на селекторот Јоаким Лев.

Германија има само пет победи во последните 12 меча и сега против Летонија едноставно треба да ја вратат самодовербата. Летонија нема добра одбрана и треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-1&4+ (1.69)

 

1290 Валур – Викингур (22 ч.)

Дуел на единствените две непоразени екипи во првенството на Исланд. Валур е лидер со пет победи и едно реми од шест меча, а Викингур има четири победи и две ремија. Ако се гледа традицијата, Валур има девет победи и две нерешени во последните 11 дуели со овој ривал.

Цели 18 меча Викингур нема победа над Валур, а седум од последните осум дуели завршиле барем со три гола.

Предлог тип: 1&T12+ (2.10)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести