Украина не виде милост од Црвената фурија (видео)

Шпанија со убедливи 4-0 против Украина се поправи по ремито со Германија. Избраниците на Луис Енрике доминираа уште од самиот старт и веќе по триесетина минути имаа 3-0 предност благодарение на капитенот Серхио Рамос и младиот Ансу Фати.

Рамос прво во третата минута реализира од белата точка, па зголеми на 2-0 во 29-тата минута. Само неколку минути подоцна, Шпанија во нов напад по третпат ја затресе мрежата на гостите преку Фати, кој стана најмладиот стрелец во историјата на Црвената фурија.

Конечниот резултат го постави Торес во 84-тата минута.

https://streamable.com/1sdems

Швајцарија и Германија ги поделија бодовите при конечни 1-1. Гундоган им донесе предност на Панцерите по 14 минути игра, Видмер израмни на малку повеќе од половина час до крајот на средбата.

Останати резултати:

Србија – Турција 0-0

Косово – Грција 1-2

Малта – Летонија 1-1

- Оглас -

Најнови вести