Украина пријави три случаи на ковид-19, двајца заразени играа против Германија

Украинската фудбалска репрезентација потврди три позитивни случаи на ковид-19, од кои двајца фудбалери играа против Германија пред два дена.

Станува збор за Едуард Собол, кој го одигра целиот меч, како и Јевхен Макаренко, кој на теренот во Лајпциг се задржа до 69-тата минута. Третиот заразен репрезентативец е голманот Дмитро Ризник, тој не играше против Панцерите.

Поради проблемите во составот на Андриј Шевченко, се уплашија во таборот на Германците, но засега негативните резултати од тестовите во пресрет на дербито против Шпанија ги смирува страстите кај Јоаким Лев.

- Оглас -

Најнови вести