Украина со петарда во Ереван ги уништи надежите и на Ерменија и на Република Ирска за пласман во А сегментот во Лигата на нации(Видео)

Украина лесно ја декласира Ерменија со 5:0 во меч од петтото коло во Б сегментот и брзо се рехабилитира од поразот со 0:3 во дуелот со Шкотска пред четири дена во Лигата на нации.

Со головите на Тимчук, Зубков, Довбик два и Игнатенко гостите славеа во Ереван и останаа во трката за првото место во првата група од Б сегментот.

Последниот гол на мечот што го постигна Довбик можете да го погледнете ОВДЕ.

Украина е прва со 10 бода и со триумфот денеска ги елиминира и Ерменија и Република Ирска од битката за првата позиција.

Шкотска која има 9 бода, но од 4 меча ќе им биде единствениот ривал за лидерската позиција што води во А сегментот од Лигата на Нации.

Шкотите денеска ќе играат со Република Ирска, а нивното гостување на Украинците во последното коло ќе решава која репрезентација ќе биде шампион во групата.

Република Ирска има 4 бода и послаб меѓусебен биланс со Украинците, па и да победат во последните две кола не можат да бидат први.

Ерменија со 3 бода е последнопласирана и е главен кандидат за испаѓање во Ц сегментот.

- Оглас -

Најнови вести