Украинката била приморана да го откаже мечот против руската тенисерка

Неочекуван крај имаше егзибицискиот турнир во Франција откако украинската тенисерка Марта Костјук одби да настапи против Мира Андрејева од Русија. Познато е дека украинските тенисери и тенисерки одбиваат да се поздрават со противниците кои доаѓаат од Русија и Белорусија, но овојпат неочекувано мечот воопшто не се одигра.

Во финалето на турнирот Андрејева требаше да игра против Дона Векиќ, но хрватската тенисерка поради повреда не можеше да игра во финалето. Организаторите дознаа дека Костјук е во Франција и ја поканија да игра во финалето. Украинката прифати под услов да не мора да се поздрави со Русинката и тоа беше прифатливо дури и од Андрејева.

Сепак, само три часа пред да започне финалето, неочекувано Костјук го откажа настапот во завршниот натпревар. Подоцна е откриено дека Украинката била приморана да го откаже мечот затоа што добивала закани.

„Преку социјалните мрежи Костјук добивала голем број на закани и затоа едноставно беше приморана да го откаже настапот во финалето. Да бидеме јасни, ние нема што да и замериме и повторно ќе ја повикаме да биде дел од турнирот. Беше многу тешко да се најде замена за Марта, баравме замена, но откако не најдовме, решивме во финалето да игра тенисер“, објасни францускиот новинар Ксавиер Кофин кој беше ангажиран на овој ревијален турнир.

Финалето на крајот се одигра, а Андријева играше против Јанис Гажуани Дуран кој е на 1.146 место на АТП листата. Во финалето, тенисерот  Дуран победи со 7:5, 6:2, но сепак трофејот заврши во рацете на руската тенисерка Андрејева. 

 

- Оглас -

Најнови вести