Украинската тенисерка не ни помисли да го „издаде“ својот народ (Видео)

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласира во третото коло на Отвореното првенство на САД откако без многу проблеми со 6:2, 6:3 ја победи Марта Костјук од Украина, во меч кој траеше час и пол.

Овој дуел не беше многу возбудлив поради спортските убави потези на теренот туку поради тоа што се случи по неговото завршување. Костјук воопшто не сакаше да се поздрави и да ѝ честита на Азаренка на победата и едноставно ѝ го покажа рекетот.

Причините за ваквата реакција на украинската тенисерка се јасни. Азаренка доаѓа од Белорусија, земјата која ѝ даде поддршка на Русија во нападите врз Украина кои траат веќе седум месеци.

Спортистите од Украина одбиваат да се натпреваруваат со ривали од Русија, а против белоруските спортисти не сакаат да се поздрават.

https://twitter.com/i/status/1565379565400227841

„Сакав да ја предупредам дека нема да се поздравиме затоа што во ниту еден момент не дојде да поразговара со мене и да ми каже кое е нејзиното мислење за тоа што се случува во Украина. Тоа е важна тема, а таа не искористи шанса да упати важна порака дека не ги поддржува убиствата, силувањата и геноцидот кој се случува“, објасни Костјук по мечот што го загуби.

- Оглас -

Најнови вести