Украински навивачи во канта за ѓубре го фрлија директорот на стадионот (Видео)

Околу 30-тина украински навивачи на екипата на Десна од Чернихив го нападнаа директорот на стадионот „Гагарин“, Олександр Овчаренко. Ултрасите го пречекаа Овчаренко пред просториите на стадионот, а потоа насила го зедоа и го фрлија во канта за ѓубре.

Овчаренко во нападот доби полесни повреди на главата затоа што навивачите неколку пати го удрија како со капакот од кантата така и со тупаници. На 18 ноември, Овчаренко беше назначен за директор на стадионот, а уште истиот ден се проширила информацијата дека планот бил клубот Десна да биде исфрлен од стадионот „Гагарин“, па затоа е и толкав револтот кај фановите.

Десна е клуб кој игра во најсилната лига во Украина и по 10 кола се наоѓа на четвртото место на табелата со 16 бодови, зад гигантите Динамо Киев (23 бода), Шахтар (20), како и зад третопласираната Ворскла, која има 19 бодови.

https://twitter.com/i/status/1331267792222425089

 

- Оглас -

Најнови вести