Украински талисман: Никој нема подобар победнички учинок од Зинченко во Премиер лигата

Триумфот со убедливи 3-0 на Арсенал на гостувањето кај Борнмут претходно денеска, беше од посебно значење за бекот Олександр Зинченко.

Новата ѕвезда на Топчиите стигна до 65-тата премиерлигашка победа во вкупно 79-тиот негов настап во англиското првенство, што го направи фудбалер со најдобар процентуален учинок по најмалку 50 одиграни лигашки натпревари.

Дури во 82,3% од натпреварите Зинченко се радувал на победа, а од вкупно 65 победи, само три му се со Арсенал, останатите 62 ги запиша како член на Манчестер сити.

На оваа листа по Украинецот следуваат Арјен Робен со 82,1%, Ајмерик Лапорте и Фил Фоден со 81,5% односно 79,8%.

- Оглас -

Најнови вести