Украинците бесни: Ни делегираа „Русин“!

Бура од негодувања во украинската јавност предизвика потегот на УЕФА за контролор на мечот помеѓу Антверпен и Шахтар Донецк да го делегира поранешниот срспки судија Милорад Мажиќ.

Проблем не е националноста на Мажиќ, туку фактот дека тој во моментов е претседател на судиската комисија при Фудбалскиот сојуз на Русија.

„Кој го дозволи ова? Нас практично ќе ни суди Русин и агресор“, се вели во еден украински медиум. Украинците не го сакаат Мажиќ бидејќи се одлучил, како што велат, да заработува пари од агресорот.

Главен судија на мечот во Белгија ќе биде Словенецот Раде Обреновиќ.

- Оглас -

Најнови вести