Украинците грмат по таткото на Ѓоковиќ: Тој поддржува геноциден режим, не му е место на турнирот (Видео)

Контроверзниот татко на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Срѓан, кој често изненадува со своите ставови и изјави, повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат поради отвореното давање поддршка на руската агресија на Украина.

Срѓан Ѓоковиќ во Мелбурн се фотографираше со мала група активисти, но проблемот е што еден од нив имаше маица со буквата З на латиница и руско знаме со ликот на Владимир Путин.

На снимката се слуша како Русинот го поздравува Александар Залдостанов-Хирургот, водачот на моторџиската група „Ноќните волци“ кои се блиски до Путин, а Срѓан Ѓоковиќ вика „Да живее Русија“.

Маиците со симболот Z се забранети на Отвореното првенство на Австралија бидејќи асоцираат на руската војска и инвазијата на Украина.

Украинскиот екстенисер Александар Долгополов, кој како доброволец ја брани својата земја, порача дека ова што го направил таткото на Новак е одвратно и дека такви луѓе кои поддржуваат геноциден режим не смее да бидат на тениските турнири.

- Оглас -

Најнови вести